153
Бразилската фудбалска репрезентација ќе биде без Нејмар во првиот натпревар на Светското првенство против Мароко.
Селекторот Карло Анчелоти потврди дека закрепнувањето на искусниот напаѓач оди според планот и дека се очекува наскоро повторно да им се приклучи на соиграчите, сепак за вечерашниот дуел нема да биде подготвен.
„Состојбата на Нејмар се подобрува. Очекуваме следната недела повторно да биде со тимот на редовните тренинзи“, изјави Анчелоти.
Натпреварот против Мароко, Бразил го игра вечерва точно на полноќ и тоа е еден од дерби дуелите во првото коло.