Еве колку домаќинот го знае фудбалот: На Американците мораат да им објаснат што значи црвен картон! (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Соединетите Американски Држави не се поднебје каде што фудбалот или како што тие го нарекуваат сокерот, не се значително распространети. Општо познато е дека Американците не го познаваат доволно овој спорт, па интересно е дека повторно земја без фудбалска традиција е домаќин на едно Светско првенство.

Веројатно врвот беше достигнат за време на американскиот пренос на натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка. Откако африканската селекција доби втор црвен картон, бродкастерот мораше да им објасни на гледачите што тоа значи – и тоа на наједноставен можен начин.

Останаа со девет фудбалери бидејќи двајца беа исклучени од натпреварот. Двајцата добија црвени картони, а тоа значи дека повеќе не можат повеќе да играат на овој дуел. Како резултат на тоа, Јужна Африка мора да го продолжи натпреварот со деветмина. Ова е сериозен хендикеп и ги намалува шансите за победа“, стоеше во објаснувањето на бродкастерот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×