Брајтон ја одби и втората понуда на Тотнем за Ван Хеке

by bojan
1 минути читање

Генералниот извршен директор на Брајтон, Пол Барбер откри дека одбиле две понуди од Тотнем за услугите на Јан Пол ван Хеке.

На барање на Роберто де Зерби, Тотнтем тргна по потписот на Јан Пол ван Хеке, но и покрај тоа што дефанзивецот има само уште една година од договорот, Брајтон не дава никаков попуст.

„Секогаш ќе постои интерес за нашите најдобри играчи, и токму тоа се случува со Ван Хеке. Интерес пројавуваат неколку клубови и тоа подолго време“ – вели генералниот извршен директор на Брајтон, Пол Барбер.

„Да, ја одбивме понудата на Тотнем, или поточно, одбивме две понуди. Мора да пристигне права понуда за да дадеме зелено светло“.

Се говори дека Брајтон бара помеѓу 60-70 милиони фунти за продажба на Јан Пол ван Хеке, кој  во 2020 година беше платен скромни 2 милиони фунти.

Интерес за неговите услуги покрај Тотнем пријавуваат и Ливерпул, Челси и Њукасл, па ова една од причините зошто е поставена толку висока цена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×