„Црвените“ вечерва го именува Андони Ираола за нов предводник на првиот тим, шпанскиот стратег стави потпис на двегодишен договор.
Ливерпул минатото лето потроши рекордни 450 милиони фунти на засилувања, но потфрли на теренот, заврши како петти со дури 25 бода заостанување зад шампионот Арсенал.
Па раководството на клубот реши да му врачи отказ на Арне Слот, и кормилото на првиот тим да му го довери на Андони Ираола, кој имаше фантастична сезона со Борнмут и за прв пат ги однесе популарните „цреши“ во Европа.
„Црвените“ на шпанскиот стратег му дадоа само двегодишен договор, тоа не значи дека тие немаат доверба во него, едноставно Андони Ираола така функционира.
Тој неодамна на оваа тема рече: „Не гледам смисла да останам во клуб само затоа што ме врзува договор. Сакам да работам таму каде што и клубот и јас сме задоволни од соработката и сакаме да продолжиме заедно“.
Не го привлекува ниту финансиската мотивација што доаѓа со долгогодишниот договор.
„Не потпишувам договори за да бидам мирен дека ќе добијам обештетување ако ме отпуштат. Верувам дека секоја сезона треба одново да ја заслужиш довербата на клубот. Дури и кога резултатите не се идеални, ако клубот ја цени твојата работа, соработката може да продолжи. За мене, секоја нова сезона е нова потврда на меѓусебната доверба“.