Tинејџерот од 100 милиони евра отворено кажа за кого сака да игра

by Стефан
1 минути читање

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска и фудбалер на Лајпциг, Јан Диоманде отворено призна дека има симпатии кон Пари Сен Жермен и дека еден ден би сакал да го облече дресот на парискиот гигант.

Неговите изјави доаѓаат во период кога сѐ почесто се шпекулира за неговата иднина по одличната сезона што ја имаше во германското првенство. Во разговор со новинарите, Диоманде истакна дека за него би било голема чест да настапува за актуелниот европски шампион.

„Да, би ми претставувало задоволство да дојдам и да играм тука, во еден од најголемите клубови во светот. Секогаш ми е драго кога доаѓам во Париз, а мислам дека прилагодувањето не би ми било проблем бидејќи зборувам француски јазик. Зошто да не? Сепак, во моментов сум играч на Лајпциг“, изјави Диоманде за француска телевизија.

Тој дополнително ја нагласи својата поврзаност со клубот осврнувајќи се на неодамнешниот триумф на Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

„Убаво беше да се види како Пари Сен Жермен повторно победува и освојува уште една титула во Лигата на шампионите. Мојот татко беше навивач на клубот, па затоа ми беше особено драго да го следам нивниот успех“, истакна младиот фудбалер.

На директното прашање дали би сакал да ја дели соблекувалната со најголемите ѕвезди на парискиот состав, Диоманде не остави простор за дилеми.

„Да, би сакал. Навистина би сакал“, кратко одговори.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×