Челси и Њукасл опипуваат терен за трампа во која ќе бидат инволвирани Лиам Делап и Ник Волтемаде.
„Сините“ минатото лето го донесоа Лиам Делап за засилување на нападот, но Англичанецот потфрли и често се говори дека ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ по само 12 месеци.
Популарните „страчки“ пак го ангажираше Ник Волтемаде, кој иако блесна на почетокот, разочара со своите партии во продолжението од сезоната, па сега се наоѓа на излезна врата.
Одредени извори пишуваат дека Челси и Њукасл имаат решение за ситуацијата, и опипуваат терен за трампа со која Лиам Делап ќе се пресели на северот во Англија, а Ник Волтемаде ќе пристигне во Лондон.
Главен проблем на една зделка е големата разлика во вредноста на фудбалерите, Челси за ангажман на Лиам Делап инвестираше нешто над 30 милиони фунти, додека пак Њукасл плати рекордна сума за Ник Волтемаде од 70 милиони фунти.
Тоа значи дека „сините“ ќе треба да доплатат, и тоа прилично голема сума на пари.