482
Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Флорентино Перез го договорил Ибрахима Конате, дефанзивецот на Ливерпул беспари ќе пристигне на „Бернабеу“.
Засилување на одбраната ќе биде еден од приоритетите на Реал Мадрид ова лето, и како што објави „Ел Чирингито“, паднал договор за ангажман на Ибрахима Конате.
Флорентино Перез постигнал дил со агентите на Французинот за четиригодишна соработка, која може да се продолжи за дополнителни 12 месеци.
Зделката ќе се финализира доколку Флорентино Перез победи на претседателските избори.
Како што додава „Ел Чирингито“, Килијан Мбапе лично го препорачал својот сонародник.