Фудбалерите на Ливерпул имале четири замерки за Арне Слот

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека постоело големо незадоволство во соблекувалната на Ливерпул, фудбалерите му замериле на Арне Слот за четири работи.

Арне Слот минатиот месец доби отказ, лошите резултати оваа сезона му пресудија и покрај тоа што пред 12 месеци на Енфилд го донесе трофејот од Премиерлигата.

Како што пренесува Атлетик, стратегот можеби не ја изгубил соблекувалната, но постоеле повеќе причини за незадоволство кои постепено создавале тензии.

Весникот вели дека фудбалерите му замериле на Холанѓанецот за четири работи.

Првата е односот на Арне Слот со Мохамед Салах, дел од играчите сметале дека напаѓачот бил неправедно критикува за слбата форма, особено затоа што тактиката била приспособено кон скапите летни засилувања како Флоријан Вирц, Уго Екитике и Александер Исак.

Дополнително незадоволство предизвикала и одлуката Доменик Собослаи да биде користен како десен бек, многумина се чуделе како најдобриот фудбалер од средниот ред е принуден да игра надвор од својата природна позиција.

Во соблекувалната имало и чувство дека новите засилувања добиваат поголема толеранција за своите лоши настапи од играчите кои со години се дел од клубот. Некои сметале дека новајлиите полесно го задржуваат местото во тимот и покрај тоа што прикажувале бледи партии.

Уште една замерка била поврзана со тактиката, и насоките кои ги давал Арне Слот, кај дел од играчите (особено во завршницата од сезоната) се создале нејаснотии, не знаеле што треба да прават, и кого да чуваат при прекините.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×