Тренерот кој ѝ донесе куп-трофеј на Болоња по 51 година замина од клубот

by 24 фудбал
1 минути читање

Болоња остана без тренер откако клубот официјално потврди дека е прекината соработката со Винченцо Италијано.

Италијанскиот стратег и раководството на клубот постигнале заеднички договор за разделба по завршувањето на сезоната, со што завршува неговата епизода на клупата на тимот од „Ренато Дал’Ара“.

Италијано минатата сезона го освои Купот на Италија по пауза од 51 година. Сепак, оваа година Болоња не успеа да ги повтори резултатите од претходниот период. Тимот заврши на осмото место во Серија А и остана без пласман во европските натпреварувања.

Раководството веќе започна потрага по ново решение на тренерската позиција, додека Италијано ќе биде едно од најинтересните имиња на тренерскиот пазар во текот на летото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×