По стапките на таткото: Анчелоти презема тим кој ќе игра во ЛШ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Давиде Анчелоти е многу блиску до нов голем чекор во кариерата, бидејќи француски Лил сака токму тој да седне на тренерската клупа пред стартот на новата сезона.

Француските медиуми објавија дека преговорите меѓу двете страни се во завршна фаза и се очекува 36 годишниот Италијанец наскоро да биде промовиран како наследник на Бруно Женесио.

Синот на Карло Анчелоти со години беше дел од стручните штабови на европски гиганти како Реал Мадрид, Баерн Минхен, Наполи и Евертон, каде стекна огромно искуство работејќи покрај еден од најтрофејните тренери во историјата. Во меѓувреме беше дел и од репрезентацијата на Бразил, а сега конечно е подготвен за самостоен предизвик во европскиот фудбал.

Во Лил веруваат дека Анчелоти може да внесе свежина, модерен стил на игра и нова енергија во тимот, особено по одличната сезона во која клубот обезбеди место во Лигата на шампионите.

Доколку договорот биде официјализиран, ова ќе биде најголемиот самостоен предизвик во досегашната тренерска кариера на Давиде Анчелоти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×