Ѕвездата на Реал Мадрид, Федерико Валверде, проговори за инцидентот на тренинг во кој учествуваше со неговиот соиграч Орелијен Чуамени, оценувајќи дека физичкиот конфликт бил тешко, но поучно искуство.
Уругвајскиот репрезентативец, кој се подготвува за Светското првенство 2026 година, изрази и благодарност за поддршката што ја добил од навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ во целиот период.
Ќе потсетиме, инцидентот се најде на насловните страници ширум светот, откако за време на жестока расправија Валверде со глава удрил во маса, при што се здобил со повреда на главата поради која заврши во болница.
„Се чувствувам одлично. Имав поддршка и љубов од навивачите на Реал Мадрид и од самиот клуб. Понекогаш мора да се поминат вакви мали пречки во фудбалот и животот за да се научи нешто и да се созрее“, изјави тој.
Раководството на Реал Мадрид за скандалот ги казни двајцата фудбалери со по 500.000 евра, но поминаа без суспензии.
27-годишниот играч верува дека ова искуство ќе му помогне во неговиот понатамошен лидерски развој.
„Верувам дека ова ќе ме направи подобар капитен во иднина“, порача Валверде.