Тиквеш и официјално се прости од искусниот напаѓач Берат Садик, кој реши да стави крај на богатата професионална кариера на 39-годишна возраст. Кавадаречкиот клуб преку порака му се заблагодари на ветеранот за неговиот придонес, професионалниот однос и лидерството кое го покажа во дресот на Тиквеш.
Садик зад себе остава долга интернационална кариера во која настапуваше за голем број европски клубови. Роден е во Скопје, но уште во детството се преселил во Финска, каде ги направил и првите фудбалски чекори.
Во текот на кариерата ги носеше дресовите на Арминија Билефелд, Анортозис, Зулте Варегем, ХЈК Хелсинки, Тун, Крила Советов, Докса Катокопијас и Гимнастик Тарагона. Најдобри партии прикажуваше во Кипар и Швајцарија, а со ХЈК освои и шампионски титули во Финска.
Искусниот напаѓач има настапи и во европските натпреварувања, како и за репрезентацијата на Финска, за која одигра 13 натпревари. Во Тиквеш пристигна како големо засилување и одигра важна улога во тимот.