Преговорите се во завршна фаза: Свеж капитал влегува во Брегалница!

by 24 фудбал
1 минути читање

Брегалница наскоро би можела да добие нов сопственик, откако од Општина Штип потврдија дека преговорите со странски инвеститор се во завршна фаза.

Во пресрет на последното коло во Втора македонска фудбалска лига, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, откри дека заинтересираниот инвеститор веќе бил во посета на клубот и се запознал со состојбата во Брегалница.

Веќе интензивно комуницираме со заинтересираниот спонзор, кој веќе ги има посетено Брегалница и Штип. Тој е информиран за сè во клубот. Разговараме во насока во носење одлука на следната седница на Советот на Општина Штип за продажба на 51% од акциите на клубот. Јас верувам дека ова ќе се случи и дека ќе имаме еден вистински партнер кој ќе го трасира патот на Брегалница кон успеси во иднина. Но, прво да ја завршиме задачата оваа сезона и да го обезбедиме пласманот во ПМФЛ“, изјави Јорданов.

Брегалница викендов го игра последното коло од шампионатот, во кое против Победа ќе брка победа за и официјално да го потврди враќањето во елитното друштво.

Според шпекулациите, новиот сопственик доаѓа од Германија и веќе управува со еден фудбалски клуб, а неговото име се очекува да биде објавено следната седмица.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×