Мурињо не загуби цела сезона, но Бенфика нема да игра Лига на шампиони

by Стефан
1 минути читање

Жозе Мурињо со Бенфика не успеа да дојде до Лигата на шампионите, иако цела сезона ја заврши без пораз и вчера триумфираше во последното коло против Есторил со 3-1.

Причина што гигантот од Лисабон заврши трет се 11 ремија кои се покажаа како кобни во трката за врвот. Наместо место во елитата Бенфика ќе мора да се задоволи со настап во Лига Европа.

Во последното коло од шампионатот, Бенфика славеше на гостувањето кај Есторил, но не доби помош од Жил Висенте, кој беше поразен од Спортинг со 3-0. Така, Спортинг и Порто ги обезбедија местата што водат во Лигата на шампионите.

Неуспехот на Мурињо е уште поголем ако се знае дека Бенфика во претходните пет сезони редовно играше во најсилното европско натпреварување. Клубот двапати стигна до четвртфинале, еднаш беше дел од осминафиналето, а сезонава, под водство на Мурињо, беше елиминиран од Реал Мадрид во баражот.

Многу веројатно и ако не дојде до некаков пресврт, вчерашниот натпревар за Мурињо беше последен на клупата на Бенфика бидејќи според најавите треба да биде претставен во Реал Мадрид во текот на идната недела.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×