138
Фудбалската федерација на Македонија официјално го потврди пријателскиот натпревар во кој македонската репрезентација ќе се соочи со Турција.
Дуелот меѓу Македонија и Турција е закажан за 1 јуни, а ќе се одигра на стадионот „Шукру Сараџоглу Чобан“ во Истанбул, со почеток во 19:30 часот по македонско време.
Турција е уште еден учесник на Светското првенство со кој Македонија ќе ги одмери силите, откако претходно беше потврден и натпреварот против Босна и Херцеговина во Сараево на 29 мај.
За македонската репрезентација овие натпревари ќе претставуваат важна проверка и можност селекторот Гоце Седлоски да го воигра тимот и да го подготви за предизвиците што следуваат.