Голман на Ангола беше играч на мечот, па брзо стана хит: Никој не верува дека има 16 години

by Стефан
1 минути читање

Желсон Дала голманот на У17 репрезентацијата на Ангола, беше прогласен за играч на натпреварот по ремито без голови (0:0) против Мали на отворањето на Африканскиот куп на нации за кадети. Сепак, неговата одлична партија со шест интервенции остана во сенка поради неговиот изглед.

На официјалната страна беше објавена фотографија од Дала со признанието за играч на мечот, а таа фотографија привлече и големо внимание.

Имено најголем дел од јавноста не верува дека Дала има 16 години, па фотографијата собра голем број коментари со шеги на негова сметка.

Инаку, тој е член на тимот на Петро де Луанда каде што исто така настапува во генерацијата до 17 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×