Лос Анџелес влегува во завршната фаза од подготовките за Светско првенство во фудбал, а најголемо внимание во моментов привлекува стадионот „СоФи“, каде што сè уште траат интензивни градежни работи.
Американската репрезентација треба да го отвори турнирот на 12 јуни против Парагвај токму на овој стадион, кој за време на Мундијалот ќе го носи името „Лос Анџелес Стадиум“.
При последната обиколка на арената, теренот бил целосно прекриен со земја, а организаторите потврдија дека веќе започнало поставувањето на новиот тревник. Тревата со специјални ладилници била донесена од Вашингтон.
На модерниот комплекс ќе се играат осум натпревари од Светското првенство, а стадионот претрпе и сериозни измени за да ги исполни стандардите на ФИФА. Дел од седиштата биле отстранети за проширување на теренот, а инсталиран е и нов систем за наводнување.