Медиумите од Шпанија пренесуваат дека „светците“ се подготвени во Мадрид да ги испратат Канг ин Ли и Гонсало Рамош со цел да стигнат до потписот на Хулијан Алварез.
ПСЖ е сериозен во намерата да го ангажира Хулијан Алварез, оваа недела се појавија информации кои велеа дека шампионот на Франција отворил преговори со Атлетико Мадрид за зделка вредна околу 150 милиони евра.
Но „светците“ очигледно не сакаат да ја платат оваа сума во кеш, па нудат двајца фудбалери.
Како што пренесува АС, на маса се ставени имињата на Канг ин Ли и Гонсало Рамош.
Двајцата во минатото беа на радарот на Атлетико, па доколку одговара нивната проценета вредност, лесно може да се случи една мега зделка.
Хулијан Алварез исто така е помеѓу желбите на Барселона, но „каталонците“ не можат финансиски да му парираат на ПСЖ.