Каква глупост на Тел, Тотнем испушти два бода и грчевито ќе се бори за опстанок (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Тотнем одигра само реми против Лидс, Матис Тел од херој се претвори во трагичар откако со глупав потег направи пенал и помогна гостите да стигнат до 1-1.

Тотнем можеше да избега на +4 во однос на Вест Хем и порелаксирано да ги дочека последните две кола, но „спарси“ вечерва испуштија два бода против Лидс па грчевито ќе се борат за опстанок.

Матис Тел од херој се претвори во трагичар, младиот напаѓач на почетокот од второто полувреме прекрасно пласираше од врвот на шеснаесетникот за 1-0, но потоа со глупав потег направи пенал.

Французинот се обиде со ножички да расчити една топка, го удри Итан Ампаду и со помош на ВАР беше покажано на белата точка, а Калверт Луин прецизно реализираше за 1-1.

Тотнем на крајот може дури и да биде среќен што не изгуби, голманот Кински со сензационална одбрана спречи ударот на Логнстаф да заврши во мрежата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×