Поранешните македонски шампиони, Работнички и Македонија Ѓорче Петров во следната сезона ќе играат во Втора лига, тоа е епилогот по денешните натпревари од 31. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Работнички одигра 2-2 на гостувањето кај Брера, но овој бод не ги одржа во игра за опастанок.
Во втората лига оди и Македонија Ѓорче Петров која денеска на свој терен загуби убедливо од Тиквеш со 1-4.
Работнички денеска почна добро, уште во првата минута Хоџа донесе водство, но Величковски брзо изедначи на 1-1.
До крајот на првиот дел Брера направи пресврт со нов гол на Велечиковски. А Работнички дојде до израмнување во финнишот со гол на Бошнаков.
Денеска се одигра и мечот меѓу Арсими и Башкими кој исто така заврши без победник 1-1.