Легенда на Борусија Дортмунд го напушта клубот по 24 години

by Стефан
1 минути читање

Борусија Дортмунд и долгогодишниот спортски директор Себастијан Кел постигнале договор за спогодбен раскин на соработката, со што главниот тренер Нико Ковач остана без еден од клучните сојузници во клупската управа.

Според информациите на „Скај“, Дортмунд и Кел постигнале коректен договор за прекин на соработката, иако неговиот договор требало да трае до 2027 година. По 24 години во клубот, прво како фудбалер, а потоа и како функционер, 46-годишниот Кел официјално ја завршил соработката уште на 22 март.

Неговото место како спортски директор веќе го презел Оле Бук, што означува целосна транзиција во спортскиот сектор на клубот. Иако Кел не ги коментирал директно преговорите, локалните медиуми објавија и финансиски детали за разделбата.

Според „Билд“, договорот вклучувал исплата од околу 1,5 милиони евра од преостанатата плата, која изнесувала околу 2 милиони евра. Со овој договор, клупската легенда ќе може да започне ново поглавје во кариерата без правни или финансиски обврски кон поранешниот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×