Манчестер сити за претстојниот првенствен натпревар против Брентфорд ќе направи симболичен потег и привремено ќе го промени името на својот стадион.
Домот на актуелниот англиски шампион, Етихад Стадион, само за овој меч ќе биде преименуван во „The City in the Community Etihad Stadium“, со цел да се оддаде признание на хуманитарната фондација на клубот „City in the Community“.
Покрај промената на името на стадионот, клубот подготви и низа активности преку кои ќе ја промовира работата на организацијата. Фудбалерите ќе истрчаат на теренот во специјални јакни со логото на фондацијата.
Од Манчестер сити потсетуваат дека фондацијата добива поддршка во текот на целата сезона преку различни донации и кампањи, но традиционално еден натпревар годишно е целосно посветен на нејзината работа и активностите во заедницата.
Оваа сезона изборот падна на дуелот против Брентфорд, а избраниците на Пеп Гвардиола ќе се обидат со победа дополнително да го разубават настанот и да останат конкурентни во битката за титулата во Премиер лига.