Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Жозе Мурињо разговарал со Флорентино Перез за можноста да седне на жешкото столче на „Бернабеу“, стратегот поставил 10 услови.
Во последно време, се почесто се говори дека Жозе Мурињо е најсериозниот кандидат за клупата на Реал Мадрид.
Последните информации велат дека „специјалниот“ разговарал со Флорентино Перез, бил одржан видео повик кој траел околу еден час.
Жозе Мурињо не дал дефинитивен одговор, но поставил 10 услови за да го презеде кормилото.
Португалецот бара договор на две години, не гледа на себе како привремено решение, но ниту сака долгорочно врзување.
Тој не сака никакво мешање околу изборот на стартниот состав – кој нема да трча и нема да игра одбрана, за него ќе нема место во тимот, без разлика колку е „звучно“ името. И стратегот нема да дозволи притисок од никого.
„Специјалниот“ исто така сака во Мадрид да го донесе целиот стручен штаб од Бенфика. Флорентино Перез предложил Алваро Арбелоа да му се приклучи, а Мурињо немал никаков приговор.
Тој смета дека е неприфатливо колку многу проблеми има Реал Мадрид со повредите изминативе години, па бара целосна контрола и врз фитнесот на играчите, сака да работи со свои луѓе од доверба и тоа ќе значи заминување на Антонио Пинтус.
Португалецот планира и чистка на играчкиот кадар, најмалку седум фудбалери треба да си заминат бидејќи или немаат квалитет, или не се вклопуваат во неговата визија.
Жозе Мурињо се противи и на долгите и напорни турнеи во САД или Азија, наместо тоа инсистира на мал број внимателно одбрани пријателски натпревари за да го зачува тимот свеж и подготвен.