Aмериканските хотели го обвинија Инфантино дека лаже!

by Стефан
1 минути читање

Иако првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, неодамна тврдеше дека интересот за претстојниот Мундијал во САД е огромен, податоците од теренот, особено од хотелскиот сектор покажуваат поинаква слика.

Само пет недели пред почетокот на Светското првенство, дел од хотелите во градовите-домаќини пријавуваат дека резервациите се на вообичаено ниво или дури под очекуваното. Според истражување што го пренесува „Форбс“, повеќе хотелиери турнирот го оценуваат како настан без значителен економски импакт.

Американското здружение за хотели и сместување спровело анкета во 11 градови-домаќини, при што околу 80% од испитаниците навеле дека побарувачката е послаба од прогнозите. Само околу една четвртина забележале пораст на резервации, најчесто во туристички поатрактивни локации или градови кои ќе бидат бази за репрезентациите.

Слични заклучоци дава и анализата на „Оксфорд Економик“, според која одредени сектори како угостителство и забава ќе имаат краткорочен раст, но без поголемо влијание врз вкупната економија и вработеноста во 2026 година.

И покрај очекувањата и најавите од Инфантино дека интересот за 104 натпревари би можел да биде споредлив со „104 Супербоули“, експертите оценуваат дека реалноста е далеку поскромна.

„Таа изјава ниту тогаш беше точна, ниту ќе се покаже како точна“, изјави за „Форбс“ Јан Фрајтаг, директор на националниот центар за анализа на хотелскиот пазар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×