Еве зошто не добива отказ: Симеоне на Атлетико со учеството во ЛШ му донел над 900 милиони евра!

by Стефан
1 минути читање

Иако оваа сезона нема да игра во финалето на Лига на шампионите, Атлетико Мадрид бележи импресивни финансиски резултати и ќе инкасира 75,15 милиони евра, а според проценките, по завршувањето на сезоната од страна на УЕФА ќе добијат уште околу 30 милиони евра.

Клубот од Мадрид економски „цвета“ откако на клупата е Диего Симеоне, кој го презеде тимот во декември 2011 година. Веќе во својата прва сезона стигна до трофеј во Лига Европа, совладувајќи го Атлетик Билбао со убедливи 3-0 во финалето во Букурешт, додека во домашното првенство заврши на петтото место.

Веќе следната сезона Атлетико направи чекор напред и заврши како третопласиран во лигата, што во тој период беше најдобар резултат за клубот по пауза од 17 години. Под водство на Симеоне, Атлетико освои две шампионски титули (2014 и 2021), а дури 13 сезони по ред настапува во Лигата на шампионите, при што заработи вкупно 935,6 милиони евра, пренесува „Марка“.

Оваа сезона може да донесе и рекордна заработка од елитното натпреварување. Досега најпрофитабилна беше сезоната 2023/24, кога клубот инкасираше 102,3 милиони евра.

Интересно е што во сезоните 2013/14 и 2015/16, кога Атлетико Мадрид стигна до финалето, но загуби од Реал Мадрид, заработката беше значително пониска со 52,6 и 69,6 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×