Фудбалските репрезентации на Босна и Херцеговина и Македонија на 29 мај ќе одиграат пријателски натпревар на стадионот Кошево, кој за Босанците ќе претставува последна проверка пред заминувањето за САД.
Во пресрет на овој дуел, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оствари средба со босанскиот амбасадор Драган Јакимовиќ.
Јакимовиќ беше во посета на „Куќата на фудбалот“, каде што со Омерагиќ се разговараше за добрите односи меѓу двете земји, но и за големиот интерес за натпреварот, кој се очекува да се одигра пред околу 35.000 гледачи.