Иран има јасен став: Ќе учествува на Мундијалот, но еден услов мора да се исполни

by Стефан
1 минути читање

Настапот на Иранска фудбалска репрезентација на претстојното Светско првенство останува под знак прашалник, поради тензичните односи со САД и Израел. Сепак, претседателот на иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, уверува дека селекцијата сигурно ќе отпатува на турнирот, меѓутоа постави и услов кој треба да биде исполнет.

Тој нагласува дека Иран изборил место на Мундијалот на терен и дека организацијата на натпреварувањето е во рацете на ФИФА, а не на американските власти.

„Ние одиме на Светското првенство како репрезентацијата која тоа го заслужи. Наш домаќин е ФИФА, а не господинот Трамп или Америка“, изјави Таџ за државната телевизија.

Воедно, од иранска страна се бараат цврсти гаранции дека за време на турнирот нема да има, како што велат, навреди кон државните симболи, со посебен акцент на Исламска револуционерна гарда.

„Очекуваме гаранции дека никој нема да ги навредува симболите на нашиот систем, особено ИРГЦ. Само во таков случај нема да се повторат проблемите од Канада“, порача Таџ.

Инаку, неодамна иранска делегација беше запрена на границата на Канада, пред Конгресот на ФИФА во Ванкувер. Според нивните тврдења, биле изложени на непочитување од имиграциските служби, додека канадскиот министер за имиграција подоцна потврди дека на Таџ му била поништена визата додека бил во авион, поради неговата поврзаност со ИРГЦ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×