Доку во 97. минута го спаси Манчестер Сити, драматично реми на „Хил Дикинскон“ (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Манчестер Сити со прекрасниот гол на Доку во 97. минута се спаси од пораз на гостувањето кај Евертон, но на крајот ова може да се покаже како два испуштени бода во трката за титулата.

Арсенал повторно е во пол-позиција во трката за титулата во Премиерлигата, Манчестер Сити вечерва одигра нерешено на гостувањето кај Евертон, па „топчиите“ во најдобра рака ќе имаат плус два на врвот на табелата.

Момците на Пеп Гвардиола доминираа во првиот дел и поведоа во финишот, Доку со лева фантастично погоди во аголот за 0-1.

Но Евертон заигра подобро во продолжението од натпреварот и во пет минути го сврте резултатот во своја корист.

Една лоша вратена топка на Геи, нововлезениот Бери ја искористи за 1-1, а О’Брајан по еден корнер донесе 2-1 во 73. минута.

Во 81. минута, Бери по втор пат се запиша во листата на стрелци за 3-1, па навивачите на Манчестер Сити полека почнаа да го напуштаат стадионот.

Но само што тргнаа од центарот, „граѓаните“ преку Халанд намалија на 3-2, и силно притиснаа.

И кога се чекаше последниот свиреж на судијата, Мајкл Оливер дозволи да се игра нешто плус, а Доку, овој пат со десна, одново прекрасно погоди во аголот за 3-3.

Манчестер Сити можеби се спаси од пораз на „Хил Дикинсон“, но останува да се види дали на крајот ова ќе биде бод за освојување на титулата, или два помалку за губење на титулата.

ФОТО: X/Manchester City

Можно е и ова да ти се допаѓа

×