Турците целосно го преземаа Тиквеш и веднаш направија чистка – ќе има нов тренер!

by riste
0 минути читање

Тиквеш информира дека раководењето на клубот целосно го презема ко-сопственикот Цезар Браво, а веднаш се случија и повеќе промени меѓу кои и на тренерската позиција, Борче Христов доби отказ.

Било одржано собрание на АД Тиквеш по кое се донесени крупни одлуки за кавадаречкиот клуб.

Од утре целокупното раководење со клубот го презема ко-сопственикот Цезар Браво кој ќе раководи со клубот до крајот на сезоната.

Раскинати се договорите со тренерот Борче Христов, неговите помошници Трајче Стојковски, Ванче Шиков и Баже Левков.

Се раскинува договорот и со спортскиот директор, Љупчо Трајковски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×