Барселона има ново „чудо од дете“, ова 11-годишно момче си поигрува со противниците (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Oд славната „Ла Масија“ на Барселона можеби се појавува нов талент кој би доминирал во иднина на фудбалските терени. Вниманието сега го привлече Хуго Голдеано.

Станува збор за само 11-годишно момче кое веќе ги воодушевува скаутите на најголемите европски клубови. На социјалните мрежи кружат видеа од неговите маестрални дриблинзи и потези со кои им прави големи проблеми на противничките фудбалери.

Голдеано важи за еден од најголемите таленти во Барселона, а дополнително го привлече вниманието во март на турнирот „Ла Лига Фјучерс“ во Брунете.

Интересно е што младиот фудбалер доаѓа од фудбалско семејство, негов татко е поранешниот фудбалер од средниот ред на Малага, Апонио, кој во кариерата одигра 140 натпревари во Ла Лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×