28
Реал Мадрид славеше со 2-0 против Еспањол во 34. коло од Ла Лига, со што ја одложи шампионска прослава на Барселона.
По мирното прво полувреме без голови, „кралевите“ ја направија разликата во вториот дел, кога Винисиус Жуниор двапати ја затресе мрежата, погодувајќи во 55. и 66. минута.
Со овој триумф, Реал останува на втората позиција со 77 бодови, додека Барселона е лидер со 88, па прашањето за шампионот би можело да биде решено во следното коло, кога на програмата е големото дерби „Ел Класико“ на 10 мај.