Скопје 2014 е нов шампион во Првата женска фудбалска лига на Македонија, откако со убедливи 8-0 го совлада Топ Гол и ја потврди титулата во 23. коло.
Скопје 2014 целосно доминираше на теренот и стигна до петтиот шампионски пехар во својата историја, вклучувајќи ги и титулите освоени под поранешното име Драгон.
Во останатите натпревари, Тиверија Брера беше сигурна против Каменица Саса (3-0), додека Истатов и Љуботен ремизираа без голови.
Вардар славеше против Кочани со 4-1, додека АС Јунајтед одигра нерешено на гостувањето кај Речица (1-1).
Со оваа победа, Скопје 2014 ја заокружи одличната сезона со шампионска титула и ја потврди својата доминација во македонскиот женски фудбал, додека Тиверија Струмица е на чекор до освојување на второто место.