Розениор се налутил, ќе го тужи Челси!

by Стефан
1 минути читање

Англискиот стратег Лиам Розениор подготвува правна постапка против Челси поради начинот на кој му бил раскинат договорот.

Според извори блиски до тренерот, Розениор е разочаран од одлуката на клубот да го отпушти по краток престој на клупата, сметајќи дека не добил ниту доволна поддршка, ниту време да ја реализира замислената визија.

Неговиот правен тим веќе ја анализира ситуацијата и ја разгледува можноста за тужба, со која би се барало обештетување поради, како што се наведува, непочитување на договорните обврски од страна на клубот.

Во меѓувреме, од Челси нема официјален став, но се очекува клубот да се повика на клаузулите што дозволуваат прекин на соработката во вакви околности.

Розениор ќе потсетиме со Челси имаше договор од времетрање на шест години и шест месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×