Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема пречка репрезентацијата на Иран да настапи на Светското првенство.
Ова доаѓа откако првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, потврди дека Иран ќе учествува на турнирот и ќе ги игра своите натпревари во САД според предвидениот план.
„Ако Џани го рекол тоа, тогаш е во ред. Знаете што? Нека настапат“, порача Трамп пред новинарите.
Претходно, британските медиуми шпекулираа дека учеството на Иран на Мундијалот е под знак прашалник поради тензиите со САД и Израел.
Во јавноста се појавија и информации дека специјалниот пратеник на американскиот претседател, Паоло Замполи, предложил Италија да го замени Иран. Сепак, такво сценарио нема да се реализира, бидејќи Италијанците самите ја отфрлија таа можност.