УЕФА се огласи за поништениот пенал на Арсенал против Атлетико (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Арсенал вчера ремизираа 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Ремито на стадионот „Ванда Метрополитано“ ги остави сите опции отворени пред реваншот во Лондон, а мечот го одбележаа пеналите.

Досудени беа дури три удари од белата точка, од кои еден беше поништен по интервенција од ВАР-собата, што предизвика голем револт кај гостите. Судјата Дани Макели во финишот на натпреварот покажа на белата точка по дуел на Хацко и Езе.

Следуваа жестоки протести од домашните, а потоа и повик од ВАР-собата, по што одлуката на холандскиот арбитер беше поништена. Во таборот на Арсенал беа бесни и по натпреварот, а на крајот мораше да се огласи и УЕФА со кратко објаснување.

„Играчот на Атлетико со број 17 не направил прекршок врз противникот“, кратко соопштија од УЕФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×