Шкендија неочекувано загуби дома од Башкими со 2-3, резултатот му оди во корист на Вардар, кој сега избега на +4 на врвот на табелата.
29-то коло во ПМФЛ заврши со големо изненадување, Башкими ја совлада Шкендија среде Тетово.
Натпреварот почна по планот на домаќините, Тамба донесе 1-0 веќе во 4. минута.
Но фудбалерите на Шкендија како да застанаа тука, па Аворнио изедначи на 1-1 во 9. минута.
Во 35. минута се случи најубавиот потег на мечот, Аворнио нафрли од левата страна, а Ор закачи волеј и ја затресе мрежата на Шкендија за 1-2.
Пред крајот на првиот дел следуваше нов шок, Ор по втор пат се запиша во листата на стрелци за 1-3.
Шкендија притисна во второто полувреме, Бесарт Ибраими намали на 2-3 во 65. минута, но тоа беше се што направија домаќините.
Со овој кикс на Шкендија, Вардар сега има +4 на врвот на табелата и полека му се насмевнува титулата.