Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, беше во центарот на вниманието на денешниот натпревар против Тиквеш, каде што одигра одлична партија и постигна хет-трик во второто полувреме, заокружувајќи го настапот и со значаен јубилеј.
Напаѓачот на „црвено-црните“ ги реализираше сите три погодоци во интервал од околу 20 минути, поточно во периодот од 61-та до 82-та минута, ставајќи печат на убедливата победа.
Пред почетокот на средбата, Омерагиќ доби и признание од клубот за 100 одиграни натпревари во дресот на Вардар, па хет-трикот беше само „шлаг на тортата“.
Да потсетиме, Вардар со триумфот од 7-0 го израмни својот најубедлив резултат сезонава, откако претходно со идентичен резултат славеше и против Шкупи.