Фудбалерите на Вардар блеснаа на арената и попладнево го прегазија Тиквеш со убедливи 7-0, во натпревар во кој доминираа од првата до последната минута.
„Црвено-црните“ уште во првото полувреме го решија прашањето на победникот, постигнувајќи дури четири гола. Цветковиќ ја отвори голеадата по само три минути игра, Закариќ зголеми во 25-тата минута, а само четири минути подоцна Велковски донесе предност од 3-0. Пред паузата, Јанкулов се запиша меѓу стрелците и го постави резултатот на 4-0.
Ситуацијата за гостите од Кавадарци дополнително се искомплицира во финишот на првиот дел, кога Тасев заработи исклучување, оставајќи го својот тим со играч помалку.
Во второто полувреме Вардар не ја намали офанзивата, напротив, следуваше уште посилен налет. Во центарот на вниманието беше Омерагиќ, кој со три гола во периодот од 61-та до 82-та минута комплетираше хет-трик и го завери убедливиот триумф.
Со оваа победа Вардар го израмни и својот најубедлив резултат сезонава, откако претходно со идентични 7-0 повторно го совлада Шкупи.
Во другиот натпревар одигран во Струмица, Пелистер минимално славеше со 1-0 и освои значајни бодови во трката за опстанок. Битолчани сега имаат четири бода повеќе од Работнички и пет од Македонија Ѓорче Петров, додека Брера се наоѓа на осмата позиција со бод предност.