Крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах, ќе го пропушти остатокот од сезоната откако заработил повреда на тетивата на коленото во победата против Кристал Палас (3-1).
Иако Ливерпул сè уште нема официјално соопштение за состојбата на Салах, Хасан тврди дека египетскиот репрезентативец веќе го одиграл својот последен натпревар за „црвените“.
„Станува збор за руптура на тетива и ќе му бидат потребни околу четири недели за опоравување“, изјави директорот на египтетската репрезентација, Ибрахим Хасан.
Ќе потсетиме, Салах и Ливерпул веќе потврдија дека фудбалерот на крајот од сезоната по девет години поминати во клубот ќе го напушти клубот.
До крајот на сезоната Ливерпул ќе одигра уште четири натпревари, два на домашен терен против Челси и Брентфорд, како и гостувања кај Манчестер Јунајтед и Астон вила, но Салах нема да биде во комбинација за овие дуели.
Салах, епизодата на „Енфилд“ ја завршува како трет најдобар стрелец во клупската историја, а оваа сезона оствари учинок од 12 гола и девет асистенции.