68
Како што одминува сезоната борбата за врвот во Втората лига станува и тоа како интересна, а денеска фаворитите не погрешија и освоија по три бода.
Брегалница останува лидер, откако убедливо ја совлада Слога Виница со 4-1 и стигна до 61 бод. Зад неа, на само два бода заостануваат дури три екипи, Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново, сите со по 59 бодови.
- Резултати од 26. коло на ВМФЛ:
Брегалница – Слога Виница 4-1
Тетекс – Охрид 1-2
Преспа – Скопје 0-2
Кожуф – Шкендија Арачиново 0-1
Вардар Неготино – Беласица 1-4
Новаци – Детонит Плачковица 1-1
Победа – Осогово 1-8
Саса – Големо Коњари 1-0