Сити со пресврт во последните минути го исфрли второлигашот од ФА Купот! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Манчестер Сити се пласираа во финалето на ФА Купот, откако со пресврт го совладаа Саутемптон со 2-1 на „Вембли“.

Избраниците на Пеп Гвардиола имаа многу проблеми против второлигашот, кој долго време одолеваше и беше блиску до сензација. Првото полувреме мина без голови, а Саутемптон дури и ја затресе мрежата преку Лео Скиенца, но погодокот беше поништен поради офсајд.

Во вториот дел следуваше шок за фаворитот, кога Фин Азаз донесе водство за Саутемптон во 79. минута. Сепак, Сити брзо одговори, Џереми Доку израмни во 83. минута, а пресвртот го комплетираше Нико Гонзалез за голема радост и пласман во финалето.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Челзи и Лидс Јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×