17
Светското првенство во САД ова лето ќе биде турнирот со најголем број земји учесници, но исто така и најскапиот Мундијал кој на ФИФА ќе ѝ донесе огромна заработка.
Од Светската фудбалска федерација оптимистички прогнозираат дека приходите од билетите би можеле да достигнат дури 11 милијарди долари.
Новата, проширена верзија на натпреварувањето со 48 селекции значи повеќе натпревари, а во комбинација со огромните стадиони и многу поскапи билети ќе донесат за ФИФА приходи како никогаш претходно.
Ќе потсетиме, Мундијалот почнува на 11 јуни и ќе се игра до 19 јули, покрај САД, домаќини се уште Канада и Мексико.