Во Ирска вчера се постигна еден од најбрзите голови во историјата на фудбалот (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Вчера на дербито во Ирска помеѓу Сент Патрик и Бохемијас беше постигнат еден од најбрзите голови во историјата на фудбалот.

Гостите поведоа по само осум секунди игра. Веднаш по тргнувањето од центарот, топката беше вратена до голманот, кој испрати долг пас кон Даглас Џејмс-Тејлор. Тој со гради му асистираше на Маркус Стродс, кој со одличен удар од далечина ја затресе мрежата по само осум секунди игра.

Инаку, рекордот за најбрз гол го држи Уругваецот Рикардо Оливера, кој во 1998 година постигна гол по само 2,8 секунди игра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×