Лацио синоќа по подобро изведување на пенали ја мина Аталанта и се пласираше во финалето на Купот на Италија, а херој беше 21-годишниот голман, Едоардо Мота.
Мота во Лацио пристигна од второлигашот Реџана за да му биде резерва на Проведел. Но, откако првиот голман на лацијалите се повреди, тој доби шанса меѓу стативите и блесна.
Во пенал серијата тој одбрани дури четири пенали, ги фати ударите на Скамака, Запакоста, Пашалиќ и Де Кетеларе.
Во првиот меч во Рим беше 1-1, а вчера во Бергамо резултатот беше 2-2 во регуларните 90 минути, а откако немаше голови ниту во продолженијата се изведуваа пенали.