Во Милан се тешат, и со 50 милиони ќе биде остварен голем ќар од продажбата на Леао

by bojan
1 минути читање

Рафаел Леао летоска би можел да го напушти Милан и за 50 милиони евра, ова е далеку помалку од сумата од 150 милиони евра која се бараше пред неколку години.

Кога Реал Мадрид, ПСЖ и Челси пред неколку години беа заинтересирани за услугите на Рафаел Леао, Милан бараше 150 милиони евра.

Но сега, „росонерите“ ќе прифатат значително помала сума за продажба на Португалецот.

Милан е подготвен да се откаже од својата ѕвезда за само 50 милиони евра поради честите повреди, слабите партии и проблематично однесување кон соиграчите и тренерот Алегри.

Сепак, на Сан Сиро се тешат дека и со ваква бројка ќе биде остварен голем ќар, со оглед на тоа дека во билансите неговата вредност е само 11 милиони евра.

„Росонерите“ исто така се надеваат дека Рафаел Леао ќе има добар настап со Португалија на Светското првенство, и со тоа да наплатат уште некој милион плус од неговата продажба.

ФОТО: X/AC Milan

Можно е и ова да ти се допаѓа

×