Само победа е опција за Работнички против Арсими, Башкими ја пречекува Струга

by riste
1 минути читање

Денеска се играат последните два меча од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Работнички е домаќин на Арсими во битка за опстанок, а Башкими ќе брка бодови против Струга.

Работнички по четирите победи во низа, нанижа два порази од клубовите кои се борат за титулата. Дебармаалци денеска мора да им се вратат на победите доколку сакаат да ја одржат надежта за опстанок.

Арсими игра добро, на последните четири натпревари има три победи и во моментов е над опасната зона, но им требаат бодови за мирен финиш на сезоната.

Башкими во моментов изгледа стабилно на табелата, а денеска ја пречекува Струга на која не и требаат бодови. Кумановскиот тим ќе оди на победа со која би дошол многу блиску до опстанок во лигата.

Мечот меѓу Работнички и Арсими почнува од 13 часот, додека Башкими и Струга играат од 15 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×