Прв пораз за надежите до 16 години во Струмица, загубија од Узбекистан

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Македонија го претрпе првиот пораз на турнирот во Струмица каде што загуби од Узбекистан со 2-0.

За разлика од натпреварот против Северна Ирска У16, селекторот Иљами Исејни направи неколку промени во стартниот состав, давајќи им шанса на фудбалери кои претходно беа на клупата.

Узбекистан поведе во 39. минута преку Берузбек Саматов, кој беше прецизен за водство на својата селекција.

Македонија имаше можност да израмни пред паузата, но ударот на Александар Полимац го одбрани расположениот голман Алмаз Ајупов. Чуварот на мрежата на Узбекистан се истакна и во второто полувреме, реагирајќи одлично по обидот со глава на Адријан Велески.

Во продолжението, македонските фудбалери создадоа уште неколку шанси, но Матеј Бочески не успеа да го совлада Ајупов, додека обидот на Стефан Ристиќ заврши покрај голот.

Конечниот резултат беше поставен во судиското продолжение, кога Рузимуродјон Рузимуродов погоди за 2:0.

Во последното коло, Македонија ќе се соочи со Турција У16, која денеска загуби од Северна Ирска со 3:2.

МАКЕДОНИЈА: Димитар Петров, Филип Ѓорѓиоски (Матеј Бочески 60), Михајло Павлов (Илија Аксентиев 79), Матеја Масев (Џихан Ибраими 79), Александар Полимац (Митко Стојанов 60), Дардан Адеми (Павел Стојанов 60), Стефан Ристиќ, Марин Крстевски (Ефе Раифи 60) (Осман Исмаили 73), Огнен Сивевски (Арди Бајрами 60), Адријан Велески (Далибор Марковиќ 60), Благоја Седлоски (Марио Стојчевски 46).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×