Цените на билетите за претстојното Светско првенство во САД предизвикаа лавина реакции кај навивачите ширум светот, но од ФИФА имаат поинаков став.
Првиот човек на организацијата, Џани Инфантино, смета дека цените се оправдани и нагласува дека токму Мундијалот е главниот извор на приходи.
„Билетите се нашиот единствен начин на заработка. ФИФА добива средства само од Светското првенство. Заработуваме еден месец, а потоа тие пари ги користиме во следните четири години до новиот турнир“, изјави Инфантино.
Сепак, за голем дел од навивачите, особено од земјите со понизок стандард, патувањето и присуството на турнирот остануваат речиси недостижни. Како пример, најевтината влезница за натпреварот меѓу Англија и Хрватска во Арлингтон чини 1.120 долари, додека најскапите достигнуваат и до 5.000 долари.