Рафиња не играше против Ателтико а може да добие долга суспензија, еве зошто

by bojan
1 минути читање

Напаѓачот на Барселона, Рафиња може да добие долга суспензија од УЕФА и покрај тоа што не играше против Атлетико Мадрид, Бразилецот си направи проблем со изјавата за медиумите и гестовите кон навивачите.

Рафиња поради повреда не можеше да и помогне на Барселона во пресметката против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, но и покрај тоа може да се најде во проблеми и да пропушти добар дел од натпреварите во новата сезона.

Проблем се неговите изјави по крајот на натпреварот и критиките на адреса на судиите.

„Не украдоа!“ – рече Бразилецот. „Нормално е да има грешки, но ова што повторно се случуваше и на реваншот…“

„Судењето беше катастрофа, одлуките беа неверојатни. Атлетико постојано правеше прекршоци, а судијата не им покажуваше ниту жолт картон“.

УЕФА не трпи критики за судењето, во минатото често ги казнуваше фудбалерите кои го правеа тоа, па на Рафиња му се заканува и казна од три натпревари суспензија.

Но Рафиња може да добие и втора казна, за гестовите кон навивачите на Атлетико Мадрид.

Тој провоцираше и покажуваше дека Атлетико веќе во полуфиналето ќе биде елиминиран и нема ништо да направи во Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×