Голманот на Атлетико: Лудо е двомечот да се претстави како грабеж!

by 24 фудбал
1 минути читање

Атлетико Мадрид ја исфрли Барселона во нокаут фазата од Лигата на шампионите и обезбеди пласман во полуфиналето.

Еден од хероите на „јорганџиите“ беше голманот Хуан Мусо, кој доби шанса наместо Јан Облак и се истакна со неколку важни интервенции, меѓу кои и одбраната по обидот на Фермин Лопез. По натпреварот, Мусо одговори на критиките од Барселона за судењето:

Лудо е да се обидуваме да го прикажеме ова како грабеж. Како да не им биле досудени осум пенали. Имаме два прекршоци од нивните дефанзивци врз играч кој оди директно на гол. Тоа се црвени картони. Ако бараат пенал за прекршокот врз Фермин, тоа е удар кој се случува откако го одбранив ударот. Жал ми е за неговата повреда, сето тоа беше во жарот на борбата“, рече Хуан Мусо.

Во полуфиналето Атлетико ќе го чека победникот од дуелот меѓу Арсенал и Спортинг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×